![]() |
|
![]() |
|||||
Saint Mary Macedonian Orthodox Church, Cambridge, Ontario | |||||||
Македонска Православна Црква “Раѓање на Пресвета Богородица“, Кембриџ, Онтарио, Канада |
|||||||
CHURCH BOARD |
![]()
|
|
|||||
![]()
|
|||||||
|
|||||||
ЗА ГРАДОТ КЕМБРИЏ И ОКОЛНИТЕ ГРАДОВИ
на патот кон Хамилтон, Виндзор и Детроит. Во него живеат околу 100.ооо жители, скоро од целиот свет, меѓу кои најбројни се од англосаксонско, шпанско и германско говорно подрачје. Тој е претежно индустриски град, во кој е сместена лесна индустрија, меѓутоа, во исто време е и убаво место за живеење. Тоа го прават бројните паркови и зелени површини. Во негова негова непосредна близина се наоѓаат градовите Кичинер, Ватерлу и Гуелф, кои севкупно имаат околу пола милион жители. Во регионот кој важи за технолошки триаголник на Онтарио, свиле гнездо околу 300 македонски семејства. Нив ги има од сите делови на Македонија, но најбројни се Македонците, или Канаѓаните со македонско потекло од Беломорска Македонија.
ПОЧЕТНИ АКТИВНОСТИ
Иницијативата за формирање македонско друштво, а со тоа и на Македонската Православна Црква од Кембриџ започна на 27 јули 1987 година, кога во берберницата на доблесниот патриот, активист, донатор и високо ценет граѓанин Доне Кочаров, беше формирано Македонско друштво. Имено на таа средба од четворица Македонци: Ѓорѓи Бранов, доктор по ветерина, беше избран за претседател, Доне Качаров, бербер, за потпретседател, Дени Битовски, хигиенски инспектор, за секретар, а Никола Баракоски, електотехничар, беше избран за благајник. Веста за формирањето на Македонското друштво најде свое место во дневното гласило на градот Кембриџ, што предизвика интересирање кај голем број Македонци. Како резултат на тоа, петнаесетина Македонци веднаш се приклучија кон друштвото кое денес брои над 60 активни членови.
Формирањето на оваа асоцијација како да им даде крила на доселениците со македонско потекло: започнаа поорганизирани активности на национален, културен и духовен план. Така тие од оснивањето па се до денес се редовни учесници на мултикултурни фестивали, каде ја презентираат македонската култура, музика, песна, фолклор, кулинарски специјалитети итн. Исто така започнаа со организирање игранки, излети, спортски натпревари и други културни манифестации, со што на почетокот собираа материјални средства за Главната болница во Кембриџ, за што имаат добиено бројни признанија и пофалби. Во меѓувреме започнува и собирање на средства за македонскиот православен национално–духовен центар, кој ќе им служи на сите Македонци во околните градови. Таквата активност на бројни членови од Кембриџ, а особено на Доне Качаров и Џорџ Бранов, набрзо вроди со плод и се купи црква која предходно беше Коптска Православна Црква од Египет. Објектот покрај храмот, поседува и крштелна сала, сала за свечености, училница, билиотека и други простории, како и сопствен паркинг.
|
|||||||
![]()
|
|||||||